Мицевски: Заев со шверцерско гласање си купи привиден мир

Од:

Денес, еден ден откако Зоран Заев си купи привиден мир со шверцерско гласање на доверба на Влада и тоа го претстави во јавноста како небаре да ги донесол Гугл и Фејсбук и како небаре да набавил милион вакцини, сепак реалноста е иста како и претходно – изјави на прес конференција координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„Заев во текот на вчерашниот ден, очигледно во паника, правеше циркус за да си купи привиден мир и да го оттргне вниманието на народот од вистинските проблеми, но и од фактот дека коалицијата полека, но сигурно нема доверба во владата. Имено, Зоран Заев исплашен од ВМРО-ДПМНЕ побрза да предложи точка на дневен ред – гласање на доверба на влада и тоа по итна постапка на самата седница, со цел да не може да се дискутира во Собранието за лошите и катастрофалните политики на власта“ – вели Мицевски.

Според Мицевски премиерот Заев само мисли дека си купил мир од 90 дена, но како што вели не го знае членот кој овозможува прашањето за доверба на владата да го покренат мнозинството од вкупниот број пратеници пред истекот на 90 дена.

„Повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, ОСВЕН ако прашањето за доверба го постават мнозинството од вкупниот број пратеници“. Оттука, му порачуваме на Зоран Заев дека на неговата „купи ден, продај“ евтина и популистичка политика, полека но сигурно и се гледа крајот“ – потенцира координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој уште додава дека со вчерашното гласање паднале во вода тврдењата дека Заев има поддршка и од пратенци од опозицијата кои наводно ќе преминеле во таборот на власта.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица