АМС и НМСМ најавија соработка за унапредување на статусот и положбата на младите

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и Бојан Петровски, претседател на Националниот младински совет потпишаа Меморандум за соработка, со цел унапредувањето на статусот и положбата на младите во државава.

–Согласно склучениот меморандум, соработката помеѓу АМС и НМСМ ќе се однесува на заеднички активности за унапредување на младинските политики и младинското претставување во процесите на донесување на одлуки преку: соработка при избор на младински претставници во советодавни и управни домашни и меѓународни тела и органи, заедничка реализација на консултативни процеси, обуки, тренинзи, конференции и тематски работилници со млади и младински форми на организирање, подготовка и спроведување на заеднички иницијативи за обезбедување на донации и проекти и организирање на заеднички активности и настани, стои во соопштението од НМС.

Додаваат дека дополнително, АМС и НМСМ ќе продолжат заеднички да го препознаваат и валоризираат трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања преку доделување на Наградата за младинско учество.

Мојсовски истакна дека Агенцијата за млади и спорт покажува и докажува дека секогаш е партнер на младите луѓе и младинските организации и ќе настојува сите прашања и процеси поврзани со нив да ги решава заедно, на иста маса со младите, затоа што, потенцирал, тие знаат што е најдобро за нив.

–Со овој меморандум се обрзуваме на заедничкo навремено и ефикасно спроведување на активности и имплементација на проекти од интерес и значење за младите, младинските политики и унапредувањето на статусот и положбата на младите во Северна Македонија. Ќе работиме на креирање нови и модерни политики, стратегии за млади, ќе учиме едни од други и заедно ќе растеме. Преку сите механизми, договоривме редовна соработка со Националниот младински совет, ќе ги консултираме и активно ќе учествуваат во процесите врзани со младинските политики. Соработката помеѓу АМС и НМСМ ќе се однесува на заеднички активности за унапредување на младинските политики и младинското претставување во процесите на донесување на одлуки, вели Мојсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска