ВИДЕО: Златан приреди шоу за збунетите Италијанци на Сан Ремо – се појави на сцена со фолк хитот „Јутро је“

Од:

Непредвидливиот и секогаш оригинален Златан Ибрахимовиќ вечерва уште еднаш успеа да ги изненади ситe, со специјално појавување на сцената на познатиот музички фестивал Сан Ремо, каде оваа година е гостин.

Тој се појави на бината со звуците на хитот на Нада Топчагиќ, „Јутро је“, што веројатно е прв и последен пат балканскиот фолк да најде свое место во програмата на угледниот настан посветен на најдобрите италијански шлагери и поп нумери.

Откако водителот на церемонијата го претстави Ибра, изговарајќи го неговото име, од блескавата сцена се зачуја звуците на хармониката, познати на публиката од овие простори.

Ибрахимовиќ е голем фан на народната музика од просторите на поранешна Југославија, а неодамна веќе ја сподели песната „Јутро је“, заедно со снимка како игра на неа, на социјалните мрежи.

Снимката вечерва стигна и до пејачката Нада Топчагиќ, која на својот профил на Инстаграм напиша: „Знае мајсторот што е добро“.

Вечерва започна 71 издание на фестивалот на италијанската канцона Сан Ремо, со големи мерки на безбедност и без публика. Фестивалот годинава ќе трае пет дена, а Ибрахимовиќ ќе настапи уште еднаш – во дует со уште еден славен фудбалер од Балканот, Синиша Михајловиќ, ќе го изведе хитот на италијанската група Номади од 1972 година – „Ио вагабондо“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фаворитот победи, ќе ја претставува Италија на Евровизија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Скандал на Санремо: Младиот пејач спобудале на настапот, ја уништи цела сцена

Предраг Петровиќ

Клоп: Златан е еден од најдобрите играчи на сите времиња, тој го извлекува максимумот од своето тело

Ана Ололовска

УЕФА ја казни Црвена ѕвезда за навредите кон Ибрахимовиќ

Жарко Настоски

Ибрахимовиќ меѓу водителите на „Сан Ремо“, ќе запее и во дует со Синиша Михајловиќ

Жарко Настоски

ВИДЕО: Ибра стигна до 500 голови во кариерата, го зацврсти местото меѓу најдобрите напаѓачи во историјата

Жарко Настоски