Уапсени две лица од Косово за пукањето во полицаецот во Ѓорче

Од:

Возилото „голф“ од кое беше пукано кон друг автомобил и беше повреден полицаец е пронајдено вчера вечер околу 19 часот, известува Министерството за внатрешни работи.

Поради сомнение дека се сторители на делото, од слобода биле лишени 40-годишниот Б.В. и 38-годишниот И.Л., двајцата од Косово.

Инаку вчера попладне кај кружниот тек во близина на црквата Свети Петар и Павле во населбата Ѓорче Петров полицаец беше застрелан во ногата, по што беше пренесен во болница.

Полицаецот се упатил во Градската општа „8-ми Септември” за укажување на помош.

По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете возело електричен тротиент, се судрило со мотор и тешко е повредено

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште

Починато петмесечно бебе донесено на Детска клиника

15-годишник избодел врсник во основно училиште во Гази Баба

Уапсен е возачот кој со камион прегази старец на патот Прилеп – Градско