Вакцинираниот секретар разрешен-информатичарот нечепнат, Наумоски вели линчот е политички

Од:

Секретарот во Општата болница Охрид, Антонио Наумоски, кој преку ред ја доби вакцината за заштита од Ковид-19, вели дека нема сомнеж дека неговото разрешување и суспендирање се политички мотивирани, посебно откако Министерството за здравство воопшто не реагираше откако беше објавено дека и информатичар од болницата „8 Септември“ преку ред бил вакциниран. И денес нема реакција, ниту објаснување од Министерството за здравство за вакцинирањето на информатичарот.

„Воопшто не е спорно дали има политичка заднина. Мојот линч во медиумите беше политички. Јас сум симпатизер на ВМРО – ДПМНЕ и тоа лесно може да се види. Јас метам дека и информатичарот од ’8 Септември’ и сите кои работат во ковид – одделенијата, чистачки, болничари, електричари, сите треба да ја добијат вакцината. Не гледам ништо спорно да ја примат вакцината. Немедицинскиот кадар е неопходен за да функционира болницата и тие се секојдневно изложени на вирусот“, вели секретарот Наумоски за „А1он“.

Според него Министерството за здравство имало можност да го провери списокот на кој бил и тој и да ги смени доколку нешто не е соодветно.

„Сите од болницата што сакаа да се вакцинираат се на списокот. Го испративме во Министерството за здравство. Таму беше наведено на која работна позиција сум. Ако не требало, можеле да го тргнат моето име, да го избришат, но не го направија тоа. Ме повикаа и на свој трошок патував до Скопје за да се вакцинирам“, вели Наумоски.

Се уште нема примено ниту решение за суспендирање ниту за разрешување. Вели дека е на боледување оти не бил добар и се додека не му бидат доставени актите, нема да ги коментира иако во дел од медиумите најави тужба.

„Неблагодарно е да коментирам нешто што сè уште не сум го видел. Ќе организирам прес – конференција кога ќе ги добијам и ќе објаснам што ќе преземам“, рече секретарот Наумоски.

Откако минатиот викенд беше објавено дека секретарот се вакцинирал, во понеделникот експресно Министерството за здравство соопшти дека директорот на болницата, Горан Балески, ќе го суспендира и разреши Наумоски.

За вакцинирањето на информатичарот, пак, во болницата „8 Септември“ Министерството за здравство не се изјасни ниту за тоа дали било во ред што се вакцинирал додека сестри и лекари од Ковид – центарот во истата болница сè уште чекаат ред, ниту пак дали и какви мерки ќе преземат за оние што дозволиле такво земање на редот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски