Ќе се разреши и суспендира секретарот во Охридската болница кој преку ред се вакцинираше

Од:

Директорот на ЈЗУ „Општа болница Охрид“ денеска ќе го разреши и суспендира секретарот на болницата, кој спротивно на Националниот план за ковид – имунизација се вакцинира преку ред во модуларната болница на Инфективната клинка во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Од таму ја осудија злоупотребата и прекршувањето на редот за имунизација.

„Укажуваме дека никој кој не е здравствен работник, опфатен во првата група, од првата фаза за имунизација, не смее да се вакцинира. Министерството за здравство апелира до сите здравстени установи, кои ги изготвуваат списоците за вакцинација и ги испраќаат до националниот систем Мој термин, дека за непочитување на планот и стратегијата за вакцинација, како и за секоја злоупотреба на процесот ќе следуваат строги санкции“, велат од Министерството.

Антонио Наумоски, секретар во болницата во Охрид, вчера откако беше објавено дека се вакцинирал преку ред, за „А1он“ изјави дека му се прави линч со критиките. Рече дека сакал, како раководство, да се вакцинира за да даде пример на останатите оти имало сестри и лекари кои не сакале да се вакцинираат, а дел од персоналот имал антитела по прележан Ковид – 19.

Директорот на болницата Горан Балески, кој денес ќе го разреши и суспендира секретарот, вчера го правдаше.

„Не знам зошто се направи толку голема работа од овој случај, станува збор за само една вакцина, човекот да не си објавел самиот на ’Фејсбук’ никој немаше да знае и да прави проблем“, рече вчера директорот Балески и објасни дека секретарот, иако не е медицинско лице, постојано помагал за пацинетите со Ковид – 19 и често им носел боци со кислород.

 

 

Би можело да ве интересира

Донесена одлука за прием во детски градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина со задолжително примање ревакцина по шест месеци

Предраг Петровиќ

Меџити: Има доволно вакцини, родителите да ги вакцинираат децата

Нова кампања за имунизација „Да не си играме со здравјето!“

А1он

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска