Преку ред се вакцинирал и информатичар од „8 Септември“, не сака да го коментира вакцинирањето

Од:

Вработен во секторот за информатичка технологија во „8 Септември“ се вакцинирал преку ред ред, дознава „А1он“. Иако не е во првата група здравствени работници кои се најизложени на коронавирусот и треба да ја примат вакцинатата меѓу првите според Националниот план за ковид имунизација, тој им го зел редот на вработените во Ковид-центарот и во четвртокот ја примил вакцината.

„А1он“ побара објаснување за вакцинирањето од информатичарот. Тој десетина минути објаснуваше зошто и како се случило да биде вакциниран меѓу првите од болницата, но потоа ги повлече сите изјави со објаснување дека не сака да коментира.

„Немам коментар, обратете се во болницата“, е официјалниот став на информатичарот за вакцинирањето.

Без коментар за вакцинирањето на информатичарот е и директорот на Градската општ болница „8 Септември“, Христијан Костов. Тој не одговори на прашањата од „А1он“ како се случило инфроматичарот да се најде на списокот за вакцинација меѓу првите.

Преку ред се вакцинираше и секретарот во Охридската болница за кој вчера Министерството за здравство соопшти дека ќе биде разрешен и суспендиран. Тој за „А1он“ објасни дека носел боци со кислород на одделите кај болните од Ковид – 19.

Министерството за здравство, откако во јавноста беше објавено дека се вакцинирал секретарот во Охридската болница, ја осуди злоупотребата и прекршувањето на редот за имунизација.

„Укажуваме дека никој кој не е здравствен работник, опфатен во првата група, од првата фаза за имунизација, не смее да се вакцинира. Министерството за здравство апелира до сите здравстени установи, кои ги изготвуваат списоците за вакцинација и ги испраќаат до националниот систем Мој термин, дека за непочитување на планот и стратегијата за вакцинација, како и за секоја злоупотреба на процесот ќе следуваат строги санкции“, рекоа од Министерството.

Според последните информации од Министерството за здравство, вакцината за заштита од Ковид – 19 ја примиле 1274 здравствени работници.

Би можело да ве интересира

За вакцинација и натаму ќе се пријавува преку матичните лекари, вели Филипче

Жарко Настоски

554 новозаразени со коронавирус, починале осуммина пациенти

Жарко Настоски

На инфективните оддели низ земјава се лекуваат 675 пациенти со Ковид-19

Ана Ололовска

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 33 пациенти

Ана Ололовска

401 санкција за неносење маска

Ана Ололовска

Една година по првиот случај, пандемијата со Ковид-19 не стивнува

Ана Ололовска