Противниците на премиерот на Ерменија Никол Пашињан насилно влегоа во владината зграда во центарот на Ереван, јави РИА Новости, пренесува Ал Арабија на англиски јазик.
Во Ереван веќе неколку дена се одржуваат протести со барање Пашањин да поднесе оставка од премиерската функција. На повиците за оставка се приклучи и Генералштабот на вооружените сили.