Осуденик од Идризово и 18 странски државјанки затекнати во локал кој работел по дозволеното време

Од:

Полициски службеници од Полициска станица Тетово извршиле контрола во угостителски објект на локалниот пат за село Сараќино, при што било констатирано дека објектот е отворен по дозволеното работно време и во него биле затекнати седум гости, тројца вработени и 20 женски лица, од кои 18 странски државјанки од Русија, Србија, Украина и Албанија, кои го злоупотребиле туристичкиот престој. Странските државјанки се приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Од МВР денеска соопштија дека се работи за угостителски објект, во сопственост на А.М.(38) од Тетово, а контролата е извршена по пријава дека работел спротивно на Одлуката донесена од Владата.

– Странските државјанки се приведени во полициска станица за понатамошна постапка, а сопственикот А.М. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. При контролата е приведен и Б.Х.(25) од Скопје, кој издржува казна затвор во времетраење од 8 години и 6 месеци, а не се придржувал спрема решението за одмор во кругот на семејството издадено од затворот. Тој ќе биде спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски