Министерството за надворешни работи информира дека е во редовна комуникација со Генералниот конзулат на земјава во Солун и со надлежните институции на Грција, во врска со инцидентот, во кој на вандалски начин беше опожарено возило на македонскиот конзулат во градот.
– Нашиот конзулат е известен дека грчките власти направиле соодветен увид и ги преземаат сите потребни мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и евентуалните мотиви на овој немил случај, како и дека покрај возилото на нашиот дипломат, во истиот период, било запалено и второ возило на различно место во градот, се додава во соопштението на МНР.
Министерството нагласува дека двата случаја се предмет на истрага, со цел да се откријат извршителите и мотивите, за кои оценува дека на ниту еден начин не се насочени против нашата држава.
– Исто така, веруваме дека овој вандалски акт на ниту еден начин нема да влијание врз одличните добрососедските односи меѓу двете пријателски земји, се потенцира во соопштението.