Во угостителски објект во Куманово затекнати 49 лица кои не ги почитувале мерките за Ковид-19

Од:

Во угостителски објект во центарот на Куманово биле затекнати 49 лица од кои шест малолетници, при што не биле почитувани мерките за заштита од Ковид-19, соопшти денеска СВР Куманово.

Во СВР Куманово вчера, во 17:22 часот било пријавено дека во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија.

-Полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во објектот, сопственост на И.А.(30) од Куманово, а изнајмен на А.М.(20) од Куманово, биле затекнати 49 лица, од кои шест малолетници, кои не одржувале дистанца и не носеле заштитна опрема, со што биле прекршени мерките на Владата за спречување на ширењето на Ковид 19, соопштија од СВР Куманово.

По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

ДПИ: Извршени над 650 надзори, наплатени преку 175 прекршоци вредни повеќе од 6 230 000 денари

Ана Ололовска

Запечатени угостителски објекти во гевгелиско, непочитување на протоколите, неиздавање фискални сметки…

Ана Ололовска

При акциска контрола во угостителски објекти во Куманово, четири затворени, за 14 изречена глоба

Ана Ололовска

ДПИ извршил 1.290 надзори и затворил 20 угостителски објекти за непоседување сертификати или ковид протоколи

Ана Ололовска

„Интермецо“ доби најблага казна – пломбирано ќе биде 10 дена, ако ја повтори журката повторно ќе го затворат

Маја Илиевска-Пачемска

Пломбирано „Интермецо“, повторно метеж и журка без дистанца

Маја Илиевска-Пачемска