Поради протест за „;Монструм“ утре ќе бидат затворени повеќе улици од Чаир до Центар

Од:

Министерството за внатрешни работи информираше дека утре, поради одржување на протестен собир околу случајот „Монструм“, ќе бидат затворени повеќе улици во Скопје.

На 26.02.2021 (петок) со почеток во 13 часот ќе се одржи најавен јавен протест кој што ќе започне во парк Чаир на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1 на бул. „Гоце Делчев“, Собрание на Република Северна Македонија на ул. „11-ти Октомври“ и Влада на Република Северна Македонија на бул. „Илинден“. Поради тоа, затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици:

– ул.„Х.Т.Карпош“,ул. „Џон Кенеди“, ул. „Цветан Димов“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „ Гоце Делчев“, ул. ,,11-ти Октомври“, ул. „Васил Главинов“, бул.„ ВМРО“, бул. „Илинден“ и други околни сообраќајници.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски