Првиот претседател на Азербејџан Ајаз Муталибов во врати во земјата по 20 години егзил поминати во Русија.
Тој кус период беше претседател откако поранешната советска република прогласи независност во 1991 година. Муталибов се повика на неодамна усвоениот закон, со кој на сите поранешни претседатели им се дава имунитет од судска истрага за дела, извршени додека биле на власт.
Поранешниот претседател беше обвинет за учество во крвавото задушување на демонстрациите за независност во 1990 година и подоцна за обид да ја собори првата влада по прогласувањето на независноста.
Муталибов најави претходно оваа година дека нема да учествуба во политиката.
Со законот, кој Парламентот го усвои во јуни им се гарантира имунутет и на актуелниот претседател Илхам Алиев и на неговата сопруга Мехрибан Алиева.