(ВИДЕО) Жерновски: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја блокира општина Центар

Од:

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ има очигледна намера да ја блокира работата на општина Центар, изјави градоначалникот Андреј Жерновски, по маратонската седница на Советот, која заврши околу 8 часот утрово.

Поднесени се голем број на амандмани на Ребалансот на буџетот и со тоа им се прави директна штета на граѓаните, вели Жерновски.

„Сакам уште еднаш јасно да кажам, дека на дневен ред не е стопирање на изградба на црквата„Свети Константин и Елена. И затоа не можам да сфатам зошто протестираа граѓаните. Денеска требаше да имаме средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, која е откажана, поради познатите причини“, рече Жерновски.

Не можам, да разберам, рече зошто Општината е под опсада. Вчера додека имаше протести и се кршеше и се фрлаше се, имавме повторно управна инспекција. Се надева дека ќе се вразумат, бидејќи тука не се работи за црква и ДУП-ови, туку за демократијата.

Ова е лоша слика и имиџ за Македонија. Централната власт, рече Жерновски мора да ја прифати реалноста.

Инаку ова се плановите и снимките кои градоначалникот Андреј Жерновски, ќе му ги покаже на г.г. Стефан.

plan-crkva plan-crkva3 plan-crkva1

На нив јасно се гледа дека постои црквата Св. Константин и Елена и тоа со иста површина и со исти параметри.

Според Жерновски, во скоро време ќе почне  уништувањето на паркот  помеѓу хотел „Бристол“ и „Рамстор“.

– Планирано е сечење на дрва и нелогично градење на една висококатница. Сакам тоа да го спречам.  Добив доверба да се спротивставам на ова узурпирање, сметам дека имам добиено поддршка од граѓаните. Тоа не значи дека имам намера да го уривам тоа што е веќе изградено, рече Жерновски.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ