Обвинение за недозволено поседување пиштол и муниција

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје по спроведена истражна постапка, поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетиот, на 1 февруари во селото Горно Количани, во автомобилот неовластено држел пиштол марка „Црвена застава М 70А“ со калибар 9 мм Para, со две рамки и 15 куршуми за тој пиштол. Оружјето и муницијата биле пронајдени под возачкото седиште во автомобилот, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот 27-годишник, за кого се оценува дека се уште би можел да се даде во бегство или да го повтори делото кое му се става на товар.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Новата американска нуклеарна доктрина го води светот кон нуклеарна војна

Пентагон бара од одбранбената индустрија побрзо производство на оружје и муниција

Залужни: Русија најде противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Во Украина „исчезнаа“ речиси 800.000 парчиња оружје

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот