Францускиот интернационалец во редовите на Баерн Минхен, Франк Рибери со освоени 29,3 проценти од гласовите во анкетата на списанието „Кликер“ е прогласен за фудбалер на сезоната во Бундес лигата.
Рибери на 27 натпревари постигна 10 голови и забележа 15 асистенции, учинок доволен за освојување на првото место пред Роберт Левандовски (Борусија Дортмунд) кој ги доби гласовите на 17,3 проценти од читателите на „Кликер“.
Рибери годинава со Баерн Минхен ги освои титулите во Лигата на шампионите, Бундес лигата и Купот на Германија.
30-годишниот Французин член на Баерн е од 2007 година.