Германскиот стратег на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, ќе ја прекине соработката со актуелниот англиски првак на крајот од идната сезона за да стане нов селектор на Германија, објави денеска весникот „Билд“.
Клоп има важечки договор со Ливерпул до летоto 2024 година, и иако 53-годишниот тренер е недвосмислен дека нема намера да замине од „Енфилд Роуд“, тоа не им пречи на германските медиуми упорно да го поврзуваат со селекторското место, како наследник на Јоаким Лев по Мундијалот во Катар.
Доколку Клоп замине идното лето од премиерлигашот, тој на клупата на Ливерпул би минал седум години, идентичен период колку што мина како тренер и во германски екипи Мајнц и Борусија Дортмунд.