Го сакаме Западен Балкан во ЕУ, вели шефот на европската дипломатија

Од:

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел денеска изјави дека Европската унија вложува многу пари во Западен Балкан и оти не е фер да се каже дека ЕУ само се преправа дека ги сака земјите од регионот во својот состав.

– Сакаме да им помогнеме на земјите од Западен Балкан да ни се доближат, да влезат во системот на ЕУ. Не е точно дека само се преправаме оти сакаме земјите од Западен Балкан да влезат во ЕУ. Тие земји имаат иднина во ЕУ, но тие земји мора да ги завршат своите домашни задачи: да ги исполнат стандардите кои важат за сите членки, рече Борел гостувајќи на онлајн конференцијата на Американскиот атлантски сојуз.

Тој додаде дека Русија, Кина и Турција се исто така присутни на Балканот и оти се претставуваат како ним да им е повеќе грижа за Западен Балкан отколку на Европската унија.

– Но, ние продолжуваме со процесот на проширување, чекор по чекор. Безвизниот режим е реалност, можеби не за сите земји од Западен Балкан. Ние го насочивме дијалогот меѓу Белград и Приштина на вистинскиот пат. ЕУ му помага на Балканот многу повеќе од другите, но можеби не сме добри во пропагандата. Нашиот економски план за Западен Балкан е девет милијарди евра, истакна Борел.

Тој рече дека европскиот блок на Балканот инвестира многу повеќе пари од Кина, Русија и Турција, но оти можеби мора подобро да објасни што и зошто прави.

– Ние помагаме, но бараме реформи. Другите не бараат. Реформите што ги бараме не се хир, туку им се потребни на тие земји и на нивните луѓе, како што е искоренување на корупцијата. Штета е ако некои луѓе мислат дека само се преправаме. Тоа не е фер, оцени Борел.

Би можело да ве интересира

Прва земја од регионот – потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија