„Кориере Фиорентино“: Фиорентина разговараше со Сари

Од:

Италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина може да го смени својот главен тренер.

Според „Corriere Fiorentino“, клубот од Фиренца може да го покани Маурицио Сари на оваа функција. Вчера тој вечераше со спортскиот директор на Фиорентина, Даниеле Праде и извршниот директор Џо Барон. Страните разговараа за можната соработка.

Раководството на Фиорентина смета дека стилот на Сари одговара на тимот. Покрај тоа, самиот тренер ја обожава Тоскана и не му пречи да започне работа во тоскански клуб, пишува „Кориере Фиорентино“.

Сега главен тренер на тимот на Фиренца е Чезаре Прандели.

Вреди да се напомни дека Фиорентина издаде соопштение во кое ги демантираше овие информации.

– Статијата за која станува збор е целосно неоснована. Фиорентина, за време на тешкиот дел од сезоната, смета дека е површно за весникот да објавува написи за факти што никогаш не се случиле и кои ги нарушуваат рамнотежата и духот на тимот, се вели во демантот на „виолетовите“.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска