Обвинетиот Агим Исмаиловиќ, кој доби казна доживотен затвор, во своја одбрана пред кривичниот суд рече дека нема да бега и ќе го издржи затворот до крај. Но, тој рече дека „Монструм“ е монтирано дело и дека ова е политичка одлука.
„Немам ништо со ова дело, ова дело е монтирано. Каква било одлука да донесе овој суд нема да бегам и ќе одговарам пред законите”, рече Исмаиловиќ.
За Хаки Азири, обвинет на 9 години затвор, неговиот бранител рече дека во 2012 е лишен од слобода и до 2017 издржува казна безмалку 5 години и побара да му се укине притворот, затоа што нема да се даде во бегство.
„Која е ефикасноста на мерката притвор, која беше укината од највисокиот суд? За него не се смени осудата што беше изречена. Хаки го почитуваше она што го побараа судот и обвинителите и секојдневно се јавуваше во судот. До кога тој може да биде гонет? Вонпредметен е притворот за него. Ви стојат поблаги мерки за изрекување, како што е мерка куќен притвор. До кога обвинителите ќе имаат двојни аршини, за едни поблаги, за други најстроги казни. Хаки Азири нема да се даде во бегство, фамилијарен човек е и татко на 4 деца”, рече адвокатот Асмир Алиспахиќ.
И обвинетиот Хаки Азири од судницата побара поблага казна и рече дека ќе си ја издржи казната до крај.