ВИДЕО: Три доживотни казни затвор за обвинетите во „Монструм“

Од:

Тројца од обвинетите во „Монструм“, Халил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, прогласени се за виновни за кривичното дело „тероризам”, односно директно извршување на петкратното убиство и се осудени на доживотна казна затвор.

Обвинетиот Хаки Азири, обвинет за кривичното дело помагање на сторител во извршено кривично дело осуден e на 9 години затвор. Фејзи Азири е виновен за две кривични дела и судот му одреди 15 години затвор. За Сами Лута се одбива обвиненеито поради немање докази, иако претходно се гонеше за „тероризам“.

Во петкратното убиство што се случи во пресрет на Велигден беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот рибар Борче Стевковски од селото Црешево.

Ова е втора пресуда изречена за „Монструм“ од Основниот кривичен суд во Скопје.

Судијата пред пресудата кажа дека се работи за монструозно садистичко убивање и одземање животи на деца.

„Замислете ги чувствата на егзекутираните жртви, клекнати на колена на земја. Замислете како на тие деца, со први љубовни искуства, што се не им поминало низ нивните мисли и чувства. Да ги замислиме и чувствата на родителите, можеме само да замислиме во која психилошка состојба биле кога разбрале дека нивните деца ги нема. Како се чувствувале кога долго време ја барале правдата за своите деца кои никој не може да им ги врати, кажа судијата пред пресудата.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски