Блинкен пред министрите на ЕУ повтори дека САД ќе работат на стабилизација на Западен Балкан

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој учествуваше на состанокот на министри за надворешни работи на Европска Унија, покажа интерес за европското соседство, а потенцира дека САД се подготвени да работат и на стабилизација на Западен Балкан, објави денеска бриселскиот портал Политико.

Порталот повикувајќи се на дипломатски извори наведе дека самиот факт што Блинкен толку брзо се согласил да учествува на вчерашниот состанок на Советот за надворешни работи претставува добар знак.

– Тоа што ги сослуша сите 27 министри е уште еден знак, барем на неговото трпение, посочува Политико.

Додека Стејт департментот соопшти дека на состанокот се разговарало за „заеднички одговор на жешките глобални прашања, вклучително Ковид-19, Кина и климатските промени, а Блинкен ја поздрави одлуката на ЕУ за воведување санкции кон Русија поради кршење на човековите права, како одговор на преземените акции против Алексеј Навални и неговите приврзаници“.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува и дека САД подготвуваат одговор на затворањето и труењето на рускиот опозиционер, а во следните недели се очекува координација со ЕУ за санкциите кон Русија.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ