Северноирската полиција денеска заплени експлозиви и муниција во акцијата против воинствените ирски националисти, пренесоа британските медиуми.
Акцијата е изведена на една недела пред средбата на Г-8 во Северна Ирска. Полицијата во овој британски регион во последните неколку недели пред форумот уапси осомничени дисиденти.
Самитот ќе се одржи во хотел, во кој во март полицијата спречи заговор за бомбашки напад од една вооружена група.
Безбедносни експерти изјавуваат дека националистите едвај дека ќе можеле да се доближат до хотелот, каде ќе бидат светските лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Барак Обама, но може за време на дводневниот форум да се обидат да извршат напад во Северна Ирска.