Ирска нема да отвора хотели до средината на летото

Од:

Властите во Ирска нема да размислат за повторно отворање на хотелската индустрија пред средината на летото поради големото ширење на коронавирусот во земјата, изјави премиерот Михол Мартин.

Баровите, рестораните, кафулињата и хотелите беа затворени во Ирска во поголемиот дел од минатата година, а последната национална блокада стапи на сила кон крајот на декември. Земјата е на 16 место од вкупно 30 земји што ги следи Европскиот центар за контрола на болести.

Властите соопштија за 250 случаи на 100.000 луѓе – помалку од една петтина од пикот во средината на јануари.

Но, владата треба да внимава при повторно отворање, бидејќи околу 90 отсто од случаите се мутација на вирусот што првпат беше откриен во Велика Британија.

– Отворање на гостопримство нема да се разгледува до средината на летото, бројот на заразени со вирусот е преголем, изјави Мартин за телевизијата РТЕ.

– Секое олеснување на ограничувањата мора да биде бавно и претпазливо поради заканата од нови варијанти на болеста, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

Норвешка и Ирска ќе ја признаат Палестина

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он