Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски денеска освои златен медал во трката на 3.000 метри на Балканското првенство во сала, што викендов се одржува во Истанбул.
Ивановски до златниот медал стигна со време од 8:03:95 минути.
На атлетската Балканијаdа учествува и Јован Стојковски, кој ќе настапи во трката на 400 метри.
На Балканското атлетско првенство во сала во Истанбул настапуваат над 250 атлетичари од 22 држави.