Битолчанка ѝ позајмувала големи суми пари и накит на сосетка, сосетката не ги враќала

Од:

Вчера (18 февруари) во СВР Битола, Д.Х.(76) од градот пријавила дека во периодот од мај 2020 до јануари 2021 година, нејзина сосетка во повеќе наврати земала поголем износ на пари и накит од неа, кои требало да бидат заем, но пријавената не ѝ ги враќала.

Според пријавата, сосетката, чија возраст МВР не ја соопштува, ја довела во заблуда жената „со лажно прикажување и прикривање факти за заемот, поради што смета дека е измамена“.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, се вели во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Споменик на Јонче Христовски поставен во Старата чаршија во Битола

А1он