Шахпаска: Од почетните 34 , сега дојдовме до 36 дејности кои треба да работат во недела, предлогот ќе биде објавен на ЕНЕР

Од:

Предлог – законот со кој недела ќе се прогласи за неработен ден за сите е во завршна фаза, а со последните преговори се дефинирало кога ќе користат слободен ден работниците кои ќе работат во недела и за надоместокот за нив кој ќе биде законска обврска на работодавачите. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска очекува за кусо време предлогот да биде објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

„На добар пат сме да го финализираме предлогот. Веќе три месеци се дебатира со сите засегнати страни. Во моментов се разговара за тоа кога ќе се користат слободен ден работниците кои работеле во недела, дали во понеделник и или во сабота како во многу земји и за надоместокот што законски ќе им следува. Предлогот ќе биде објавен на ЕНЕР за да можат сите граѓани да дадат забелешки. Од почетните 34 дејности кои треба да работат во недела, сега имаме 36 дејности и при крај сме да го дефинираме предлогот“, рече министерката Шахпаска.

Таа не кажа со кои конкретно дејности е надополнета листата на дејности кои треба да работат во недела.

Прогласување на неделата за неработен ден е предизборно ветување на сегашната власт кое ги подели и граѓаните и институциите на два табора едни кои се за, а други против предлогот во недела да не се работи.

Би можело да ве интересира

Синдикатот е против враќањето на „работна“ недела

Стопанската комора сака средба со синдикатите за „недела неработен ден“

Неработната недела во Хрватска дочекана на нож, многумина се надеваат дека ќе падне на Уставен суд

Предраг Петровиќ

Уставниот суд не донесе одлука за „работа во недела“

Во Чаир казни за 12 продавници кои работеле во недела

Бектеши: Сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница

А1он