Путин и Ердоган се договорија: Турција ќе ја купи и ќе ја произведува руската вакцина

Од:

Претседателите на Русија и Турција Владимр Путин и Реџеп Таип Ердоган денеска имаат телефонски разговор, при што договорија испорака на руската вакцина против Ковид-19 на Турција. Тие разговараа и за можно производство на таа вакцина во Турција, информира Кремљ.

„Тие разговараа за можностите за проширување на соработката во областа на борба против вирусот, вклучително и за потенцијалното доставување и организирање на производство на руски вакцини во Турција“, се вели во соопштението.

Турција претходно објави дека е подготвена да ја регистрира руската вакцина против Ковид- 19 „Спутник V“ доколку ги мине локалните тестирања.

Претставник на Рускиот фонд за директни инвестиции претходно за ТАСС изјави дека е постигнат договор со водечка турска фармацевтска компанија за производство на руската вакцина во Турција.

Фондот објави дека започнал процесот на пренесување на технологијата во Турција.

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски