Кина ќе и донира на Црна Гора 30.000 дози од вакцината Синофарм

Од:

Кина одобри донација од 30.000 дози од вакцината Синофарм за Црна Гора, која наскоро треба да пристигне во земјата соопшти Владата на Црна Гора.

Во соопштението се вели дека кинеските власти ја одобриле донацијата откако биле контактирани од црногорската влада, и покрај ограничениот капацитет за производство на вакцини во Кина и на глобално ниво.

Посочувајќи дека повеќе од 40 земји побарале кинеска вакцина, владата во Подгорица истакна дека кинеските власти ги поддржале своите производители да преговараат со црногорските власти за набавка и одлучиле да ги одобрат бараните количини во форма на донација.

Во соопштението се потсетува дека Кина учествувала во иницијативата КОВАКС на Светската здравствена организација и ќе им обезбеди 10 милиони дози вакцини.

„Кина, исто така, обезбедува извоз на вакцини во земји во вонредна состојба и кои ја одобрија нивната итна употреба. Оваа ситуација ја потврдува најавата на кинескиот претседател Си Џинпинг дека кинеската вакцина против КОВИД-19 ќе стане глобален јавен производ и придонес на Кина во обезбедувањето достапност и пристапност на вакцините за земјите во развој“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски

Кина возвраќа на американските царини со ограничување на увозот на холивудски филмови

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата