Москва: Не постои правна основа да се ослободи Навални, Европскиот суд грубо се меша во внатрешните работи на Русија

Од:

Одлуката на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) за ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални нема „правен основ“, оценија денеска руските власти.

-Барањето на судот е неприменливо, бидејќи во рускиот закон нема правен основ што дозволува ослободување на вакво лице, изјави рускиот министер за правда, Константин Чуиченко, додавајќи дека станува збор за „грубо мешање во внатрешните работи на Русија“.

ЕСЧП претходно денеска побара од Русија веднаш да го ослободи Навални, наведувајќи дека неговиот живот е во опасност.

„Судот при одлучувањето ја зеде предвид природата и степенот на ризик по животот на апликантот, што се разгледуваше во светло на општите околности на неговиот сегашен притвор“, соопшти судот, додавајќи дека Русија, како потписник на европската Конвенција за човекови права, имаа „обврска да се придржува“ до неа.

Оваа „привремена мерка“ е донесена врз основа на барање, што Навални го поднел на 20 јануари, а во кое бара негово ослободување.

Во моментов најпознатиот противник и критичар на официјален Кремљ изјави дека мерките на руските власти „не можат да обезбедат доволни гаранции за неговиот живот и здравје“.

Навални беше уапсен на 17 јануари откако се врати во Русија од Германија, каде со месеци заздравуваше од труењето со нервниот агенс „Новичок“.

Неговото апсење предизвика протести низ цела Русија, кои завршија со апсење на околу 11.000 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мало дете падна од 8- ми кат: Стравична снимка кружи на мрежите

Предраг Петровиќ

Путин: Русија и Белорусија ќе ги користат сите расположливи средства за да обезбедат воена безбедност

А1он

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог

Москва: Без сеопфатен договор, нема крај на конфликтот

Косачeв: Киев сака нуклеарно оружје за иден напад врз Русија

Горан Наумовски