Бројот на жртви на силната монсунска бура, што вчера ја зафати Шри Ланка, се искачи на 40, додека уште 30 лица се водат како исчезнати, соопшти денеска претставникот на локалниот кризен центар Прадеп Кодипили.
Тој изјави дека во невремето се повредени 29 лица, пренесуваат американските медиуми. Сите погинати се рибари, со исклучок на едно лице, соопштија поморските и воздухопловните сили, кои спасија околу 15 рибари.
Рибарите на потонатите бродови се водат како исчезнати откако монсунот во неделата го погоди островот уништувајќи повеќе од 100 куќи, соопшти центарот за природни незгоди.
Во меѓувреме, спасувачките бродови и хеликоптери денеска го пребаруваат морето околу Шри Ланка по десетината исчезнати рибари, настрадани во невремето.
– Продолжуваме да трагаме по исчезнатите лица, рече претставникот на центарот Сарат Лал Кумара.
„Морнарицата и воздухопловството ја предводат операцијата на потрага и спасување“, рече тој.
Повеќе од 100 куќи се целосно уништетни, а уште 2.185 делумно оштетни од силниот ветар, се наведува во соопштението.
Метеоролозите наведуваат дека времето, за разлика од вчера, е подобрено. Монсуните го зафаќаат острвот два пати годишно донесувајќи го потребниот дожд, но исто така, често пати предиазвикуваат и жртви меѓу населението и загуби во имотот.