Заев вели дека етничката определба во личните карти треба да стои затоа што сме мултиетничка држава

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ прифаќа етничка определба во личните карти, под услов придавката „северна“ да не стои во нив, рече дека дефинитивно треба да се поддржи етничката определба заради тоа што сме мултиетничка држава.

– Тоа знаете како е, сакам да водам љубов, ама никако да се прегрнам со партнерот. Значи дефинитивно треба да се поддржат вакви работи, заради тоа што сме мултиетничка држава. Знам дека има дебата, ја следам, дека тоа може да предизвика одредена дискриминација или не. Ние никој пат ниту сме се криеле, ниту секој од својот идентитет се срамел, напротив сме се гордееле, а како мултиетничко општество сите заедно се гордееме со нашата етничка разноликост, со ова богатство на културолошки и етнички, верски разноликости по кои сме препознатливи и навистина сме пример и за соживот и може многу развиени земји да учат од нас, нагласи Заев.

Во однос на тоа придавката „северна“ да не стои во личните карти, бидејќи рокот за нејзино применување според Преспанскиот договор се уште не бил истечен, Заев рече дека Уставот вели оти нашата земја е Република Северна Македонија.

-Уставот вели дека нашата земја е Република Северна Македонија. Апелирам да не се бараат изговори затоа што кога поднесувате законско решение, не е само Договорот од Преспа, туку постои и Уставот, рече премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он