Заев – Ал-Тани: Има интерес од Катар за инвестирање во земјава

Од:

Бизнис заедницата од Катар има интерес за разгледување на можностите за инвестирање во земјава, беше речено на денешната средба на премиерот Зоран Заев со новиот амбасадор на Државата Катар, Јасим бин Хамид Ал-Тани.

Како што соопшти владината прес-служба, „ на состанокот се поздравени членството на Република Северна Македонија во НАТО и политиките на дијалог и пријателство на премиерот Заев што донесоа решение на долгогодишниот спор со Република Грција, за што е оценето дека е успешен пример во светски рамки“.

Оценето е и дека Република Северна Македонија е мирољубива и пријателски определена држава која бележи напредок и има потенцијали за натамошен развој.

-Ние сме насочени кон евроатлантските интеграции како стратешка определба на државата и истовремено работиме на создавање услови за подобар животен стандард и за економски развој на државата. Во таа насока ни е важна соработката со сите држави, посебно на економски план, рече премиерот Заев.

На средбата е констатирано дека се унапредува соработката со Катар во делот на енергетиката, како и дека постојат можности за продлабочување на соработката во областа на туризмот, транспорт, земјоделие, културата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска