Марко Росе од следната сезона на клупата на Борусија Дортмунд

Од:

Тренерот на Борусија Менхенгладбах, Марко Росе, од следната сезона ќе седне на клупата на Борусија Дортмунд, потврди денеска неговиот актуелен клуб.

-Марко Росе одлучи да ја искористи клаузулата во својот договор, што истекува на крајот на 2022 година, и од ова лето да биде дел од тимот на Борусија Дортмунд, изјави спортскиот директор на бундеслигашот од Менхенгладбах Макс Еберт.

Росе (44) во германската фудбалска јавност важи за тренер со голема иднина, а неговото име изминатите неколку недели често се споменуваше во медиумите како можен наследник на Един Терзиќ на клупата на Борусија Дортмунд.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска