Нетанјаху: Разлики со Бајден во врска со Иран и палестинското прашање

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна дека со американскиот претседател Џозеф Бајден имаат различни ставови во врска со палестинското прашање и односите со Иран, но изрази задоволство од „многу силниот“ работен однос што го воспоставиле.

Белата куќа минатата недела негираше дека сака да испрати некаква порака до Нетанјаху со тоа што не беше на списокот на соговорници на Бајден во првиот круг телефонски разговори со светските лидери.

Нетанјаху исто така ја отфрли таквата можност и на израелската телевизија рече дека Бајден ќе се јави.

– Ќе се јави. Воспоставивме многу силни пријателски односи што траат 40 години, рече Нетанјаху.

Белата куќа во петокот соопшти дека Бајден и Нетанјаху наскоро ќе разговараат, но не е прецизирано кога.

Би можело да ве интересира

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах