Фудбалскиот клуб Монако ќе излезе со понуда до напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо од 23 милиони евра годишна плата, јавуваат медиумите во Шпанија.
Францускиот клуб кој е во сопственост на Дмитри Риболовлев изјавил дека е подготвен да ги издвои тие средства за трансфер на Португалецот кој не е задоволен од статусот во Реал.
Роналдо одби да го продолжи договорот со „Кралскиот клуб“ изразувајќи недоверба кон претседателот Флорентино Перез.
Актуелниот договор на Потугалецот со Реал истекува летото 2015 година.
За нов договор Роналдо побара 20 милиони евра, додека понудата од Реал е шест милиони помалку.