Првите 4680 дози вакцини против Ковид-19, донација од Србија која предвидува вкупно 8000 дози, пристигна во Македонија и оваа пратка ќе биде наменета за вакцинација на медицинскиот персонал.На примопредавањето присуствуваа премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија Александар Вучиќ и претставници од државниот врв на двете земји.
„Како израз на драгоцен чин на солидарност, соседна Србија споделува 4680, од вкупно 8000 вакцини. Ова е израз за пријателска помош додека да стиигнат вакцините што ние ги нарачавме. Ништо не е завршено, кризата трае, останува да бидеме внимателни, но оваа планетарна криза го извади човечкото од нас. Да ги негуваме за секогаш и за идните предизвици. Овој чин им даде пријатлеска рака на нашите сораѓани и тоа е алка на поврзување на двете земји. Вакцините ќе влезат во планот за имунизација. Утврдени се приоритетни групи, кои штитат од Ковид-19.Благодарам што го помагате нашето јавно здравје, рече премиерот Заев.
Според претседателот Вучиќ, ова е пријателски чин а одложувањето од минатата недела било поради документација која ја барала компанијата Фајзер.
„Среќен сум што можевме ова да го направиме ова. Имавме проблеми за дозвола за извоз, но ги надминавме. Среќен сум што може да почнете со имунизација. Србија нема друг интерес освен да покажува пријателство кон македонскиот народ, да имаме економска размена, да живееме како најдобри пријатели. Ова е најобичен подарок кој сум сигурен дека и вие ќе ни го дадевте. Вистинскиот пријател е оној што ќе ви се најде кога ви е најтешко, се надевам дека оваа количина ќе биде доволна за медицинскиот пероснал, и се надевам дека наскоро ќе стригнат другите дози, рече Вучиќ. .
Вучиќ истакна дека договорот со Фајзер вели дека немате право да ги давате вакцините на некој друг и на тој начин компаниите го заштитуваат својот производ но тие донеле документи за транспорт.
Пратката вакцини од Србија требаше да пристигне пред неколку дена но беше одложено поради технички причини, поради усогласување на техничка документација.
Станува збор за 8000 вакцини од „Фајзер“ кои ни ги отстапува Србија, а кои неколку недели чекаа на одобрение од производителот во земјава.
Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот.
Интерес за вакцинирање преку онлај апликацијата до вчера имаа иразено над 40000 граѓани.