Иницијативниот одбор демантира дека ќе го бојкотира Заев

Од:

Иницијативниот одбор за останување на Бранко Црвенковски го демнтира написот во „Дневник“ дека 15.000 подржувачи на поранешниот лидер ќе го бојкотираат Зоран Заев.

Велат дека никогаш не заземале став или било какво мислење против било кој од кандидатите на СДСМ.

„ Со ова сакаме да ја информираме јавноста дека изјавата која е објавена од „наводно” високиот член од Иницијативниот Одбор е објавена индивидуално и по своја волја без никакви консултации со Одборот.Би сакале да информираме и да ја потсетиме јавноста, дека нашиот Oдбор секогаш одлуките ги донесуваше во полн состав и со заеднички став. Сакаме да укажеме дека истиот Одбор никогаш во претходниот период не работел, ниту помислувал на разнебитување на СДСМ. Нашите заложби и на уште 30.000 членови, беа за останување на Бранко Црвенковски, и поради тоа не би сакале да не гледаат како противници или предавници. Ние сме Социјалдемократи, нашата идеологија е Демократска и секогаш ке останемe на тoј пат за ПОБЕДНИЧКИ СДСМ“, велат од Иницијативниот одбор.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус