Советникот од ЛДП, Дејан Блажески преку својот профил на Facebook предложи сите 23 советници од општина Охрид, да донираат дел од паушалот за месец јуни и со тоа да дадат свој придонес во собирањето на средства за 18 годишната Ангела Попоска, која мора под итно да се оперира во Виена.
Блажески во својата објава уште бара веста да се рашири преку социјалните мрежи, за како што пишува да се издејствува што побрзо собирање на средствата и плаќање. Тој предлага плаќањето на средствата да го изврши Општина Охрид со кратење од нивните примања.
Ставот на останатите советници, најверојатно ќе биде соопштен утре на седницата на Совет.