ДКСК отвори три предмети за акумулација на функции против службени лица

Од:

Државната комисија за спречување на корупција на денешната 46-та седница отвори три предмети за акумулација на функции против службени лица, кои произлегуваат од изјавите за судир на интереси за 2020 година.

Предметите се отвораат за еден член на Совет на општина, кој истовремено е член и на Управен одбор на детска градинка, еден пратеник во Собранието кој истовремено е член и на Надзорен одбор во Центарот за управување со кризи и за в.д. директор на средно општинско училиште, кој истовремено управува како сопственик со трговско друштво.

ДКСК отворија постапки и против пратеник во Собранието, кој го променил управителството во неговата фирма, меѓутоа за управител поставил негово блиско лице, министер во Владата кој, исто така го променил управителствово во неговата фирма и за управител поставил негово блиско лице и уште еден пратеник кој го направил истото.

На денешната 46-та седница ДКСК го усвои Стратешки план за периодот 2021-2023 година, во кој меѓу набавка на нови софтверски решенија има и предвидено средства за нови вработувања.

Стратешкиот план на ДСКК ќе биде објавен на официјалната веб страница на Антикорупциска.

ДКСК на денешната седница, меѓу другото го усвои и упатството за рангирање на предмети за постапување на комисијата по основ на доставени пријави, согласно кое се решава проблемот со големиот наплив на предмети и времето потребно за проценка на примените пријави и детекција дали постои законски основ ДКСК да преземе активности.

За нов заменик претседател на ДКСК, на денешната седница беше избран Шемси Салаи. Изборот на заменик-претседател на ДКСК, според деловникот се менува на шест месеци по азбучен ред.

ДКСК на денешната седница го усвои и предлог- правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата, со кои се прифаќаат доделените лица од К-5 програмата.

Директорката на ДКСК Билјана Ивановска, рече дека од распределените осум лица, потпишале четири, од кои тројца помлади соработници и еден референт.

Би можело да ве интересира

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Димитровска: ДКСК постигна значителен успех во борба против корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче 6 години криел 5 стана, неговите анкетни листови се доказ, ги праќаме во соопштение сами нека воочат

ДКСК побарала податоци за имотната состојба на генералниот секретар на Владата и за патувањето на синот на премиерот во САД

ДКСК: Дипломатскиот пасош е право, а не привилегија, службени возила не сме побарале

ДКСК оформила предмети за заменик директорката во Агенцијата за разузнавање и за поранешниот заменик министер во МВР