Медицинскиот персонал во Франција пријави несакани ефекти од вакцините АстраЗенека

Од:

Француската Национална агенција за безбедност на лекови и здравствени производи тврди дека регистрирала 149 случаи на несакани ефекти кај медицински персонал вакциниран со АстраЗенека, во кои се споменуваат „симптоми слични на грип, кои често се многу интензивни“ кај луѓе на просечна возраст од 34 години.

Кампањата за имунизација на сите здравствени работници на возраст под 65 години почна на 6 февруари, со третата вакцина против Ковид-19 дозволена на територијата на Франција, со вакцината на АстраЗенека. Здравствените работници кои ја примиле вакцината АстраЗернека се пожалиле на треска, замор и главоболка, што кај некои траеле и до 24 часа.

Француската Национална агенција за безбедност на лекови и здравствени производи истакнува дека не постои загриженост за неисправната природа на одредени серии вакцини.

– Серијата вакцини АстраЗенека што се користи од 6 февруари 2021 година е предмет на строга контрола на нејзиниот фармацевтски квалитет. Оваа серија се користи во уште 21 земја во Европската унија. Досега не се пријавени такви случаи, се наведува во соопштението.

Агенцијата ги објави и најновите податоци за фармакопретпазливост за вакцината на Фајзер и БиоНтек. По вакцинирањето со неа регистрирани се 2.140 случаи на несакани реакции од почетокот на имунизацијата на 27 декември. Еден од несаканите ефекти беше зголемен крвниот притисок веднаш по вакцинирањето.

Додека по примање на вакцината на Модерна пријавени се 40 случаи на нус појави.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток