Битолски „Комуналец“ ги отстранува откорнатите и скршени дрвја по синоќешниот силен ветер во Битола

Од:

Екипи на локалното комунално претпријатие „Комуналец“ ги отстрануваат откорнатите и скршените дрвја кои паднаа по синоќешниот силен ветер во Битола.

Акцијата се реализира на повеќе локации, но приоритет е даден на места каде е попречен сообраќајот или локации каде се собираат деца и млади, каков што е детскиот парк во граскиот парк, информираа од ЈП „Комуналец“-Битола.

Во Битола ноќеска дуваше силен ветер со посебно силни удари во периодот од 2 до 4 часот утрово, кој предизвика штети на покриви на куќи и згради, спречи нормално функционирање на уличното осветлување, а воедно предизвика и немир кај битолчани во текот на ноќта.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници