Вчера во 20.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар во содејство со инспектори од Пазарна инспекција во Гостивар извршиле контрола во угостителски објект во трговски центар на улицата „Илинденска“ во Гостивар.
Како што информира МВР, при контролата во објектот биле затекнати околу десет лица – гости, сопственикот, а имало и музика во живо.
Објектот бил затворен, а сопственикот 45-годишниот Ф.Б. од село Добридол, гостиварско, бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.