Поранешниот ерменски претседател Роберт Кочаријан изјави дека се вратил во „високата политика“.
Во интервју за Спутник Ерменија, како што пренесува БГНЕС, тој рече дека се трага по „јасни и силни личности“, така што парламентарните избори во земјата ќе бидат биполарни – меѓу сегашната влада и нејзините противници.
– Луѓето ги пробаа плодовите на популизмот, ги видоа резултатите од обоените револуции и работата на неискусните луѓе, рече тој. Според Кочаријан, нишалото се придвижило во спротивна насока и на земјата и треба сосема поинаков тип на влада, друг тим составен од професионалци кои имаат волја и способност да ја кажат вистината, гледајќи ги своите противници во очи. Тој рече дека има такви луѓе во Ерменија.
Ереван треба да размисли за подлабока соработка со Русија, рече поранешниот шеф на државата. – Светот се регионализира и на местото на глобалните процеси доаѓаат регионалните интеграции и вреди Ерменија сериозно да размисли за подлабока соработка со Русија, истакна Кочеријан.