Пет лица се повредени во експлозија на гас во градот Меминген во германската покраина Баварија потврди полицијата.
Според Билд, не е исклучена нова експлозија на местото – зградата на баварскиот Црвен крст. Аугсбургер алгемајне објави дека експлозијата се случила во 5 часот наутро по Гринич.
Полицијата ја евакуираше областа. Експлозијата најверојатно се случила поради неисправна цевка за гас што минувала под улицата каде што се наоѓа зградата.