Шолц: Она што го направија Европската комисија и Фон Дер Лајен со вакцините е вистинска свињарија

Од:

Германскиот вицеканцелар Олаф Шолц, користејќи пцости, ја критикуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за процесот на набавка на вакцини против коронавирусот.

На седницата на владата, според „Билд“, Шолц оценил дека „набавката на вакцини е поср … спроведена“.

Тој рекол дека лично нема желба „ваквите сра …“ да се повторат во процесот на вакцинација во Германија.

Во врска со ова, Шолц јасно ја споменал Фон Дер Лајен и ја обвинил за неуспехот да се набават вакцини.

– Она што се случува во Брисел, она што го направија Европската комисија и Фон Дер Лајен е вистинска свињарија налутено нагласил германскиот вицеканцелар.

Според „Билд“, канцеларката Ангела Меркел му дозволила на Шолц да пцуе, но кога се спомнало името фон дер Лајен, таа го запрела испадот на гнев на вицеканцеларот.

Како што пишува весникот, од круговите на владејачката ЦДУ, Меркел е единствената политичарка која сè уште ја брани Фон Дер Лајен.

Весникот наведува дека „Фон Дер Лајен веќе неколку дена бара партиски колеги во Брисел и Берлин, кои ќе застанат покрај неа по неуспешниот процес на набавка на вакцината и кои ќе и пружат јавна поддршка“.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент ги одобри преостанатите седум кандидати за еврокомесари

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Фон дер Лајен: ЕУ може да го замени рускиот гас со американски, поевтин

А1он

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Урсула фон дер Лајен и Шарлс Мишел разговараа со Трамп за идната соработка

Фон дер Лајен со нетрпение очекува да работи со Трамп