Европската комисија денеска го презентираше Европскиот план за борба против ракот, кој се базира на новиот пристап на ЕУ кон превенција, лекување и закрепнување од последиците од оваа болест.
Во Брисел наведуваат дека Европскиот план за борба против ракот е здравствен, научен, политички и оперативен приоритет на ЕУ, за што се издвоени четири милијарди евра.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен вели дека во 2020 година, во Европа умреле двапати повеќе луѓе од рак отколку од Ковид-19.
– Во 2020 година изгубивме 1,3 милиони Европјани од оваа болест. За жал, бројот на случаи е во пораст. Затоа, денеска го презентираме Европскиот план за борба против ракот. Борбата против оние кои се противат на ракот е наша заедничка борба во Европа, рече Фон дер Лајен.
Планот за борба против карцином е структуриран околу четири клучни области – превенција, рано откривање, дијагностицирање и лекување и подобрување на квалитетот на животот на пациентите со рак и оние кои го победиле.
Посебен фокус ќе биде на децата, започнувајќи ја иницијативата „Помагање на децата заболени од рак“ за да им се обезбеди пристап до брзо и оптимално откривање, дијагностицирање, лекување и нега.
Најавено е и покренување на Центар за знаење за ракот, кој ќе помогне во координирање на научните и техничките иницијативи поврзани со борбата против ракот на ниво на ЕУ.