Сесилија Малмстром: Правото на слободно движење во ЕУ неприкосновено

Од:

Министрите за миграции на земјите-членки на ЕУ денеска ќе имаат средба во Луксембург на која ќе се дискутира за слободата на движење за граѓаните на Унијата.

Во тој контекст се зборува за „социјален туризам“ во рамки на ЕУ. Велика Британија, Холандија, Германија и Австрија тврдат дека „некои имигранти од други земји-членки на ЕУ ги користат можностите што слободата на движење ги нуди, без да ги исполнуваат условите што се поставуваат“.

Споменатите земји сакаат да ги спречат лицата кои ги злоупотребуваат принципите за слободно движење, тоа да не можат да го повторуваат.

Но, во однос на таквите предлози, еврокомесарот за миграции Сесилија Малмстром има критичен став.

– Едноставно не може да се оспорува правото на ЕУ граѓаните слободно да се движат во Унијата, истакна Малмстром за шведската телевизија СВТ.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија