Продолжуваат разговорите во Брисел

Од:

Претставниците на Белград и Приштина денес во Брисел ќе продолжат со преговорите за примена на договорот за нормализација на односите на двете страни.

Главни теми се решавање на прашањата за полицијата и правосудството во рамките на идните заедници на српските општини.

Преговорите би требало да ги опфатат и прашањата за енергетика и телекомуникации.

Рок за изнаоѓање решенија за тие прашања, според план на договорот е 16 јуни.

Во Српскиот тим се министерот за правда, Никола Селаковиќ, советникот на претседателот на Србија Марко Ѓуриќ, шефот на владината Канцеларија за Косово и Метохија Александар Вулин , генералниот секретар на владата Вељко Одаловиќ и други официјални лица.

Според косовски извори, приштинскот тим го предводи потпретседателката на владата Едита Тахири.

Во преговорите посредуваат официјални лица на Европската комисија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија