Србија е на првото место во Европа според бројот на вакцинирани на 100 жители во последните седум дена. Нашиот сосед во светот го зазема третото место.
Овие информации беа објавени денеска, а се засноваат на податоците од Our World in Data на Универзитетот Оксфорд.
Пред Србија според бројот на вакцинирани се само Израел и САД. Зад неа се Велика Британија, Шпанија, Италија, Германија, Франција, Турција и Канада.
Од земјите во регионот единствено се издвојува Романија која е на осмото место во светот.
Србија досега има вакцинирано 438 илјади лица.